Понеделник на 5 јуни во Скопје ќе се одржи прес конференција на која ке биде промовирано новото мото на Фестивалот “Браќа Манаки”, како и името на првиот лауреат на наградата „Златна камера 300” за животно дело и за други новости поврзани со годинешното издание.
На прес конференцијата ќе се обратат Роберт Насков, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, Благоја Куновски – Доре, директор на Фестивалот и Гена Теодосиевска, уметнички директор на ИФФК „Браќа Манаки”.