Don't Miss
Home / Градска хроника / Посета на месните заедници во Маково и Рапеш и средба со месното население

Посета на месните заедници во Маково и Рапеш и средба со месното население

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски заедно со советниците од Советот на општина Новаци остварија средба со жителите на населените места Маково и Рапеш.

Оваа е редовна практика која се повторува во одреден временски интервал со цел преку директни средби со населението да се слушнат нивните проблеми и да им се помогне во нивно рeшавање.

-На одреден временски период практикуваме да ги посетиме сите жители од нашата општина а особено во овој период од годината кога се планира буџетот за следната тековна година со цел да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат, што им е потребно да се направи па за да се испланираат најправилно проектите и активностите за 2015 година. Жителите на Рапеш побараа да се тампонира едно селско патче кај локалниот бунар, да се направи големата училница во училиштето, да се направи еден пат во должина од 500 метри, да се регулира исплатата на субвенциите и да се види што е проблемот што немаат сигнал за телевизија. Жителите на Маково пак побараа да се исчистат браните и да се постави нова препрека, да се асфалтира или тампонира патот од манастирот до главниот пат во должина од 370 метри, да се постават нови улични светилки на крајот од селото, да се исчисти патот Орехово-Маково и да се тампонира патот кај продавницата- информираше  Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во следниот период според агендата на градоначалникот Котевски треба да се посетат селата: Градешница, Гермијан,Старавина,Зовиќ,Бач и Живојно.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*