Информацијата која ја пласираше порталот на Битолски весник за одземање лиценцата на еден познат битолски гинеколог е потврдена.
Лиценцата на гинекологот му е одземена од страна на Лекарската комора на Македонија.
Засега, не се соопштуваат причините поради кои му е одземена лиценцата на гинекологот, кој наводно најавил дека ќе се жали на таквата одлука.
Инаку, се работи за познат и искусен гинеколог од Битола, вработен во Клиничката болница, кој долги години покрај јавната обавува и приватна пракса во својата куќа.
Засега нема информации и од Клиничката болница како ќе реагираат во врска со овој случај.
Б.В.