Повредениот работник, кој доцна синоќа, работејќи на багерот во копот на рудникот “ Суводол “ падна од самиот врв на багерот е згрижен во ортопедското одделение и е надвор од животна опасност.
Иако, во првиот момент се мислеше дека работникот, кој инаку по професија бил бравар, на возраст од над 50 години се здоби со сериозни повреди на рацете, нозете и карлицата, по деталните ренгенски прегледи се покажа дека повредите не се сериозни и дека е тој надвор од животна опасност.
Според очевидци на немилиот настан работникот кој бил доста искусен, работел на сервисирање на багерот и во еден момент се лизнал и паднал од самиот врв на багерот.
Веднаш по паѓањето тој со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница каде бил згрижен во ортопедското одделение каде е задржан на натамошен третман и лекување.
Б.В.