Don't Miss
Home / Uncategorized / Повторно се отвора случајот со бомбата во “Епинал“!?

Повторно се отвора случајот со бомбата во “Епинал“!?

По четири години случајот со подметнатата бомба во хотелот “ Епинал “ за време на Манифестацијата на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани “ која се одржа во 2010 година, по се изгледа повторно ќе се отвори.
Иако за овој случај падна и конечна пресуда,  сепак адвокатскиот тим на единствениот осуден за наводно подметнатата бомба, откако обезбеди нови докази, побара судскиот процес повторно да се отвори од почеток.
Првото рочиште се одржа денеска во Основниот суд, на кое адвокатите на обвинетиот ги презентираа доказите со кои бараат повторно отворање на овој судски процес.
Засега останува непознато дали судијата ќе ги прифати новите докази и барањето на одбраната на обвинетиот за повторно обновување на судскиот процес.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*