Синоќа околу 22 часот во населбата Баир во Битола се случи голем пожар кој зафати неколку куќи. Интервенираше противпожарната единица со неколку екипи, а на местото на пожарот имаше и возило на Итната медицинска помош и полицијата, а во гасењето на огнот помагаа и околните жители. Заради безбедност, ЕВН ја исклучи електричната енергија во реонот каде што гореа куќите, на улицата Љубојно, веднаш над местото викано „Браната“.
За причините за ожарот во 11 часот Противипожарната единица закажа прес конференција