.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Пожарот на Пелистер под контрола

Пожарот на Пелистер под контрола

Пожарот кој денес избувна на Баба Планина во непосредна близина на врвот Пелистер е се уште активен и се контролира, изјави вечерва за МИА, раководителот на битолската територијална противпожарна единица Костадин Поповски.

Според Поповски попладневниот силен ветер кој и сега дува не дозволил канадерите целосно да го изгаснат пожарот на Баба Планина.

– Пожарот избувна кај месноста „семафорите“, локација од која на една страна се оди кај месноста „антена“, а на другата страна кон Големо Езеро. Интервенцијата на канадерите беше добредојдена, но силниот ветер кој и сега дува не дозволи целосно гаснење на пожарот. Во моментов и во текот на ноќта 40 пожарникари и припадници од Дирекцијата за спасување во услови на криза се на Пелистер за да ја набљудуваат состојбата, а во раните утрински часови ќе интервенираат два канадери и еден хеликоптер со цел да се изгасни пожарот во кој гореше сува трева, потврди Поповски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*