Don't Miss
Home / Uncategorized / Пратениците ќе куртулат од обвинение со амнестијата

Пратениците ќе куртулат од обвинение со амнестијата

Обвинителката Вилма Рускоска  изјави дека веќе се поставени основите за тоа кој од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април ги исполнува условите за амнестија.

Рускоска е сигурна дека законот ќе ги спаси од затвор пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.

Обвинителката, како што рече, лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*