Don't Miss
Home / Политика / Пратениците ќе му судат на обвинтелот Марко Зврлевски

Пратениците ќе му судат на обвинтелот Марко Зврлевски

Денеска продолжува седницата на Собранието, на  чиј дневен ред е разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Инаку пратениците вчера цел ден расправаа за владиниот предлог за нов директор на Агенцијата за администрација. Владата го предложува Спасе Глигоров, кој имал долгогодишно искуство во општината Струмица.

Пратениците од опозицијата изборот на Спасе Глигоров го оценија како незаконски и истакнаа дека со него се потврдува оти СДСМ врши целосна партизација на администрацијата. На тоа владејачкото мнозинство одговори дека сите меѓународни институции констатирале дека Македонија е заробена држава поради партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Расправата пак за смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски исто така е на предлог на Владата која сметаше дека тој незаконски, ненавремено и недоволно стручно ја извршувал работата.

Претходно, предлогот со мнозинство гласови го прифати и Советот на јавните обвинители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*