До сега се амнестирани 12 обвинети за настаните на 27 април во Собранието . Меѓу нив и пратениците Мукоски , Василевски , Арнаудов , Тарчуловсаки и Димов.
Меѓу амнестираните се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски . Тие се првите амнестирани, потврдуваат од Кривичниот суд.
Освен пратениците , амнестија добија и вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски.
Амнестија добија и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски.
Инаку вкупно 66 барања за амнестија утрово од Кривичниот суд се пратени во обвинителството, од нив 29 до обвинителството за организиран криминал, обвинителката Рускоска потврди дека дале позитивно мислење за 12 лица.
Детали не се откриваат, но Кривичниот совет одлуката за амнестија за дванаесетмината ја донел експресно, по претходно донесеното позитивно мислење од страна на Обвинителството за органзииран криминал. Останатите одлуки се очекуваат утре.