Don't Miss
Home / Uncategorized / Предновогодишна забава на вработените во “Кромберг и Шуберт”, “Крошу ноќ на оскари“

Предновогодишна забава на вработените во “Кромберг и Шуберт”, “Крошу ноќ на оскари“

И оваа година компанијата “Кромберг и Шуберт” за своите вработени организираше предновогдишна забава на која присуствуваа околу 2.000 вработени. Забавата се одржа во “Гранд Премиер“, оваа забава за разлика од другите беше со „несекојдневна” тематика односно „Крошу ноќ на Оскари”.

DSC_0016 [1600x1200]

Компанијата се обиде да го долови гламурот на „ноќта на оскарите”, а сите вработени со својот елегантен стил дополнително придонесоа тоа да биде успешно.

За атмосферата која владее на оскарите да биде целосно доловена, се доделуваа и оскари за
најдобра машка улога, најдобра женска улога и сите присутни барем за момент почувствуваа како е да се биде дел од холувудскиот амбиент.

Забавата беше исполнета и со богата музичка програма, каде што настапија младите ученици од музичкото училиште од Битола, а ѕвезда на вечерта беше познатиот естраден уметник, Ефто Пупиноски. Покрај музичкиот дел на големо изненадување на вработените беше емитувано и видео подготвено од вработените во одделот за човечки ресурси. Видеото во “Гранд Премиер“  беше испреплетено со спомени од почетоците на фабриката па се до сегашноста, во кое беа претставени и сите убави моменти од изминатата работната година.

DSC_9991 [1600x1200]

Во видеото вработените беа претставени како едно големо семејство кое заедно и успешно ја заврши и оваа работна година.

premier

Атмосферата беше навистина пријатна, имаше забава, многу насмеани лица и добро дружење помеѓу вработените.  На секој чекор се чувствуваше предновогодишната и божиќната атмосфера која оваа компанија навистина на посебен начин успеа да ја долови и сподели заедно со своите вработени.

Фабриката “Кромберг и Шуберт” во моментот брои околу 2000 вработени, со цел тој број до крајот на годината да се зголеми, а до крајот на 2016 година да изнесува повеќе 3000 вработени.

DSC_9755 [1600x1200]

Моментно фабриката работи на проекти за светски познатите брендови “ауди”, “бмв” и “мерцедес”.

Да потсетиме “Кромберг и Шуберт” е германска фамилијарна компанија од автомобилската индустрија која има успешна историја и развој повеќе од 110 години.

Пионерскиот дух и иноватиовното претприемништво со рамна хиерахија овозможи континуирано ширење и глобализација на компанијата.

DSC_8511 [1600x1200]

Со повеќе од 27 илјади вработени во 22 фабрики, “Кромберг и Шуберт” денес е еден од светските лидери за производство на кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Клучот за успех на оваа компанија е културата на фирмата: ентузијазмот и мотивацијата да се донесат иновативни решенија се поттикнувачи на интердисциплинараните тимови, чии фокус на енергија е насочен кон рано препознавање на трендови на пазарот како и кон исполнување на посебните барања не потрошувачите.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*