Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. Инвестиции и нови работни места, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
„Можам да кажам дека имаме веќе потврда од швајцарска фармацевтска компанија која ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра, за повеќе од 500 вработени. Добро платени вработени. Тоа е само низа во оние убави вести за македонските граѓани кои ги соопштуваме изминатиов период, рече премиерот Христијан Мицкоски.