Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес оствари средба со Гречен Биркл, заменик помошник администратор на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) за Европа и Евроазија, која се наоѓа во посета на Македонија.
На средбата учествуваа и претставници од канцеларијата на УСАИД Македонија, како и претставници на Младинскиот културен центар – Битола, а фокусот на разговорот беше иницијативата за формирање на локален совет за волонтерство како меѓусекторско тело поддржано од општина Битола. Ингеренциите на ова тело ќе бидат во насока да поттикне поголема соработка на општината со граѓанскиот сектор и младите луѓе при креирање на локалните политики и развојот на општината.
Иницијативата е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Средбата беше искористена претставничката на УСАИД да се запознае со актулените прашања кои се од интерес на општина Битола и за кои градоначалничката Петровска вложува напори да бидат што побрзо завршени: гасификацијата на Битола, подобрување на состојбите во образовните институции, подобрување на локалната инфрастуктура, реставрацијата на Офицерскиот дом, зголемување на можностите за вработување на младите итн.