.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Претседателот Ѓорге Иванов ги посети поплавените подрачја во Пелагониско

Претседателот Ѓорге Иванов ги посети поплавените подрачја во Пелагониско

Состојбата во поплавените подрачја во Пелагонискиот регион е под контрола.

Водата се повлекува полека, но сепак екипите од АРМ, Противпожарната единица, од ЈП, мештаните се на терен и будно ја следат состојбата.

topocani 3

topocani 7

 

topocani 8

topocani 4

На критичните места се поставуваат нови вреќи со песок, а нивото на водата на Црна река за 20 до 30 проценти е спуштено.

Но сепак будноста е важна кога заради високите температури и топењето на снегот се очекуваат нови количества вода.
Лично на терен денеска состојбата ја увиде претседателот на Р.Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од министерот  Иво Ивановски,  кои ги посетија поплавените подрачја во прилепско и битолско. Според претседателот се е направено за да се спречи поголема катастрофа, односно се е направено за заштита на граѓаните и нивните имоти.

topocani 11    topocani 12
– Армијата на Република Македонија се вклучи со 250 припадници и настојува со околу десет илјади вреќи со песок колку толку да се држи состојбата во најкритичните места под контрола.
Неопходна е вклученоста на локалното население, да му се помогне на Армијата и на јавните претпријатија да се избегнат поголеми катастрофи. Преземени се многу активности и се надевам дека ќе се справиме со овој проблем – изјави денеска претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Најголеми штети има на земјоделските површини кои буквално се под вода. Цело пелагониско поле е под вода.
Градоначалниците на  Битола Владимир Талески и Прилеп Марјан Ристески  најавуваат дека ќе се формираат комисии за утврдување на штетите.
Од „Центарот за јавно здравје” препорачуваат во поплавените населени места водата која што се користи да се преврива или да се користи флаширана вода.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*