Don't Miss
Home / Градска хроника / Пробивање и комплетна инфраструктура на улицата “Широка“

Пробивање и комплетна инфраструктура на улицата “Широка“

Пробивање на улицата „Широка”, поставување на водоводна, канализациона мрежа и улично осветлување се досегашните градежни активности реализирани како дел од проектот „Комплетна инфраструктура на улица Широка”, кој во изминатиот период го реализира локалната самоуправа, а истот е од големо  значење за жителите на овој дел од Битола.

Мештаните, задоволни од динамиката на реализација на проектот со задоволство го очекуваат комплетното завршување на проектот и изградбата на коловоз на два краци од оваа улица во должина од 826 метри.

-Ова е многу специфичен дел. Пред неколку години работевме во овој дел и ја направивме улицата „Кукуш” која што слично како и улицата „Железничка” служи како еден вид заобиколница за растеретување  на сообраќајот во централното градско подрачје. Но, ситуацијата до неодамна оневозможуваше доаѓање по улицата „Широка” до ул„Кукуш”. Пробиена е оваа улица и во моментот се финализира делот каде што веќе е поставена канализација, водоводна мрежа, се поставува улично осветлување и се разбира на крајот ќе следува асфалтирање”, изјави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Вкупната вредност на проектот за комплетна инфраструктура на улицата „Широка”изнесува 30 812 034 денари и претставува дел од проектот „Изградба на над 100 улици” во општина Битола, чија реализација е во завршна фаза.

Покрај овој проект, општината продолжува со реализација и на други инфраструктурни проекти во соработка со локалните јавни претпријатија, како и понатамошна реализација на двата  проекти „Индустриска зона Жабени” и проектот за поранешната касарна.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*