Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“.
Во овој случај обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.