Don't Miss
Home / Uncategorized / Продолжува соработката на Општина Битола и UN Women.

Продолжува соработката на Општина Битола и UN Women.

  • По успешната реализација на регионалниот проект „Промоција на Родово одговорни политики и буџетирање“, UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, започна со реализација на нова фаза од проектот што ќе се спроведува во наредните четири години. Во реализацијата на претходниот проект, Општина Битола играше завидна улога, па со цел да се продолжи соработката и во наредните четири години, во посета на Општина Битола беа проектните офицери на UN Women Кристина Плечиќ Беќарова и Иван Вчков, кои остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска. Градоначалничката Петровска им посочи на претставниците на UN Women, дека секако во Општина Битола треба да го бараат партнернот за натамошнатасоработка, со оглед на тоа што е една од најдобрите по досегашната работа наполето на родовата еднаквост. На средбата беа предложени и конкретни проекти за идната соработка, а наскоро се очекува и потпишување на нов Меморандум, во кој ќе биде дефинирана новата четиригодишна соработка на Општина Битола и UN Women.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*