Денеска во Основниот суд Скопје 2 продолжува судењето на премиерот Никола Груевски, против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Дали на денешното рочиште ќе се појави Груевски, кој во судскиот спор се јавува како тужител, или обвинетиот Заев засега не е познато.
Инаку, во текот на вчерашниот ден беше распрашуван сведокот Јовица Стефановиќ, познат во јавноста како газда Нини, кој негираше дека купувањето на акциите во “Македонска банка “ се купени во четири очи и во директен договор со Никола Груевски.
– Акциите се купени од „Јака Радовиш” на берза, а јас само го потпишав решението за купување акции од „Македонска банка”, кои ги купивме преку брокерска куќа, кој негираше дека некому понудил поткуп за купопродажбата на „Македонска банка”.
Да потсетиме лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред пет месеци го обвини премиерот Никола Груевски дека наводно тој лично ја продал „Македонска банка”, на српскиот бизнисмен Нини и дека за тоа актуелниот премиер добил 1,5 милиони евра во кеш. За ваквото обвинување Груевски поднесе тужба против Заев и побара обештетување во висина од 500.000.00 евра.
Б.В.
Tagged with: лидер Македонска банка опозиција премиер судење