Денеска во скопскиот Основен суд Скопје, по речиси неколку месечна пауза треба да продолжи судскиот процес” Транспорте
По оложувањето на судењето на почетокот на овој месец поради отсуство на еден од обвинетите, денеска во “Скопска 2” треба да продолжи судењето на обвинетите во овој случај со “ бесплатниот превоз “ на учениците.
На денешното судење, доколку повторно не дојде до ново одлагање, поради “ болест “ на некој од обвинетите, треба да се разгледуваат над 2.000 докази на СЈО.
Според информации на Битолски весник се работи за над 2.000 докази од разни документи, со кои СЈО го поткрепува своето обвинение.
Дали во текот на денешното рочиште ќе успее судечкиот судија да ги “помине “ сите 2.000 докази, или пак ќе дојде до ново презакажување на судскиот процес, останува да се види.
Со “читањето “ на доказите СЈО практично ќе заврши доказната постапка, а потоа на потег се обвинетите кои треба да ги изведат своите докази и сведоци, со кои ќе настојуваат да ја докажат својата невиност.
Инаку “ Транспортер “ веќе се одолговлекува со години, без досега да има изречено првостепена пресуда.
Причината за тоа е што дојде до смена на судијата, па така овој предмет практично почна од почеток, но и поради честото одлагање на судењето поради болест на некои од обвинетите.
Кога станува збор за “ Транспортер “ неодамна во едно телевизиско интервју, судијката Добрила Кацарска истакна дека за овој случај требало да има пресуда во ноември минатата година.
Но сега откако завршија некои судски процеси ќе се забрза судењето на “ Транспортер” и донесувањето на првостепената пресуда.
Инаку во овој случај со “бесплатниот превоз” обвинети се екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески и неговата десна рака секретарот на Општината, Слободан Бончановски како и уште 19 директори на основни и средни училишта и управители на автопревозни претпријатија, кои се теретат дека го оштетиле Општинскиот буџет за над 360.000 евра.