Home / Uncategorized / Проекти за грижа на старите лица и образовна медијација на децата Роми

Проекти за грижа на старите лица и образовна медијација на децата Роми

Во рамките на проектот општинско-корисна работа, Општината Битола реализираше два проекти.

Едниот со Старскиот дом “Сју Рајдер“ од Битола наменет за старите лица, а другиот проект за образовна медијација за децата Роми, настава што се одвива во ОУ “Ѓорги Сугарев“.

DSC_1137

Искажувајќи го задоволството од соработката со Општината Битола, претставничката на УНДП во Република Македонија , Лујза Винтон истакна дека со овој проект покрај тоа што се помагаат социјално ранливите категории граѓани, во случајот старите лица сместени во Старскиот дом “Сју Рајдер“ се решава и проблемот со вработувањето.
Таа искажа подоготвеност со Министерството за труд и социјала ваквите проекти да ги поддржат и во другите општини во државата.
Инаку,  според зборовите на директорката на “Сју Рајдер“, Марица Тодоровска во реализацијата на овој проект за нега на старите лица се вклучени седум стручни лица од кои четири се медицински сестри и четири геранто-домаќинки и еден социјален работник.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*