Home / Култура / Промоција на творештвото на Винка Саздова

Промоција на творештвото на Винка Саздова

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Издавачкиот центар ТРИ среда на 5 декември со почеток во 12 часот во Салата за промоции  ќе го промовираат творештвото на  една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова.

На оваа прва средба на Винка Саздова со битолската публика ќе имате можност да се запознаете одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. За творештвото на Саздова ќе говори уште еден наш истакнат автор, проф. д-р Венко Андоновски.

Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Основач е на Издавачки центар ТРИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*