Don't Miss
Home / Uncategorized / Пругата Битола-Лерин “влезе “ во колосек

Пругата Битола-Лерин “влезе “ во колосек

По речиси две години застој и прекин на работите во понеделникот министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалничката на  Битола, Наташа Петровска го најавија скорешното завршување на желелзничката пруга Битола- Лерин.

Тие деновиве извршија увид на градежните работи за изградба на железничката пруга Битола – Кременица. Станува збор, за проект од големо значење за Пелагонискиот регион, бидејќи  со изградбата на пругата, во должина од 16 километри, по речиси 32 години повторно ќе се овозможи железничко поврзување на Битола со Грција.

-Извршивме увид на градежните активности кои се одвиваат тука на железничката пруга Битола- Кременица.Станува збор за исклучително важен капитален  проект, не само за Битола, туку комплетно и за Пелагонискиот регион, вклучително и за Република Македонија. Јас се надевам дека, овој пат  како што сум информиран  од изведувачите роковите з аизградба на пругата  ќе бидат испочитувани. Станува збор за проект вреден 17.2 милиони евра од кои 6 милиони евра се ИПА средства, а 11 милиони евра се средства од буџетот на Република Македонија.

Согласно роковите, очекувам дека до крајот на ноември месец, овој проект да биде комплетно завршен со цел да направиме поврзување на Пелагонискиот регион до Солунското пристаниште, да го зајакнеме економскиот капацитет на овој регион, вклучително и на Индустриската зона Жабени, преку овозможување на полесен транспорт на стоки и услуги на сите компании кои ќе бидат во самата зона”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

-Сообраќајна инфраструктура од вакви размери е исклучително значајна за секоја општина. Токму затоа, ценам дека ваквите зафати, всушност се оние кои претставуваат и тоа како добар придонес за она што значи сериозен развој на нашата општина, во следниот период. На Битола ова и недостигаше, на Битола ова и требаше. Убедена сум дека роковите ќе бидат запазени  и дека Битола во следниот период ќе го добие она што го заслужува: сообраќајна мрежа од секаков аспект за развој на индустриските капацитети, за развој на индустријата воопшто во Битола, но и можност на граѓаните, со тоа да си обезбедат подобра егзистенција”, изјави градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*