Don't Miss
Home / Политика / Расте бројот на членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Расте бројот на членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Бројот на членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола постојано се зголемува.

Тоа е најдобра потврда дека политиките кои ги води нашата партија не само што се прифатени и поддржани од нашите членови, туку и од најголемиот број граѓани, кои постојано ни пристапуваат.

Ова го истакна носителот на листата во Петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”, Антонио  Милошоски, на отворањето на новиот месен комитет во Битола.

-Денес тука отварам нов месен комитет и тоа говори дека бројот на нашите членови подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, затоа што имаме реална програма, и за разлика од некои други, кои што ветуваа по еден вработен од секое семејство, а невработеноста енормно порасна, ние ветуваме носење нови странски инвестиции, отварање на нови работни места. Во нашиот план и концепт и програма за работа во следниве четири години имаме проекција од 70 илјади нови работни места во цела Република Македонија, а ќе се потрудиме еден добар дел од нив преку странски домашни инвестиции да бидат за Битола и битолскиот регион , изјави Антонио Милошоски, кандидат за пратеник во ИЕ 5 во Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*