Don't Miss
Home / Uncategorized / Реакција на РЕК “Битола“ на изјавата на дополнителниот министер Кирацовски

Реакција на РЕК “Битола“ на изјавата на дополнителниот министер Кирацовски

Паушалните изјави на дополнителниот министер Александар Кирацовски за наводни притисоци врз вработените во РЕК Битола се целосно неточни и во функција на собирање ситни дневнополитички поени. Податоците со кои оперира дополнителниот министер, воопшто не кореспондираат со фактичката состојба бидејќи станува збор за бројка која е еквивалентна на една комплетна смена во комбинатот, по што би се извел заклучок дека тоа попладне РЕК Битола воопшто не работеше.

Соодветните служби во РЕК Битола на инспекциските органи им ја понудија на увид комплетната документација за евиденција на вработените, од што произлезе дека ни од далеку не може да стане збор за неоправдани отсуства од работа.

Факт е дека на денот кој го посочува Кирацовски, процесот на производство во РЕК Битола се одвиваше нормално, без застои и проблеми.

На крај, РЕК Битола не може да го контролира слободното време на своите вработени, без разлика на која политичка опција тие припаѓаат, па затоа уште еднаш апелираме до сите политички субјекти да не користат паушални информации поврзани со работата на РЕК Битола и да ги остават вработените во комбинатот непречно да си ги извршуваат своите секојдневни обврски, стои во реакцијата на РЕК “Битола“, лиферувана во јавноста.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*