Во основното училиште “Ѓорги Сугарев“ за време на годишните одмори се реновираа санитарните јазли наменети за учениците со посебни потреби.
Инаку и оваа школска година продолжува проектот во училиштето “ да се даде шанса на секое дете“ преку кој се обезбедува по еден бесплатен оброк за 350 ученици во ова училиште. Проектот го покреноа донатори од Шведска кои се со македонско потекло, а учествува и битолската локална самоуправа.
Б.В.