Home / Uncategorized / Повеќе првачиња од лани запишани во Битола

Повеќе првачиња од лани запишани во Битола

Успешен почеток на новата учебна година, на првачињата во ОУ “Александар Турунџев“ во Кукуречани им посака првиот човек на битолската локална самоуправа, градоначалникот Владимир Талески.
Воедно тој заедно со неговите соработници ја посетија реновираната спортска сала во училиштето.

-На сите деца им посакувам  успешна учебна година, да имаат многу петки, а воедно  на средношколците да им се остварат сите планови ,соништа во оваа школска година- изјави градоначалникот Владимир  Талески.

Инаку ,годинава во прво одделение на ниво на Општина Битола  се запишани четири ученици повеќе, споредбено со лани, или во бројки 1022 првачиња ќе тргнат во прво одделение.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*