Ракометниот клуб Пелистер повторно е на продажба. Откако првиот обид пред неколку години Пелистер да го купи Силјан Мицевски не успеа, сега општината Битола по втор пат прави обид да го продаде Пелистер.
Според информации на поратлот на Битолски весник Советот на Општина Битола наредната недела ќе одлучува за продажба на доминантен пакет акции, односно 51% на РК Пелистер, кои во моментот се во сопственост на локалната самоуправа.
Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола во Друштвото од 100% е минимум 1.537.500,00 денари односно 6150,00 денари по акција.
Основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 3 години, при што процентуално ќе вложува во вкупен буџет не понизок од 300,000.00 евра годишно во денарска противвредност согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија.
По три години, ќе се спроведе постапка за продажба на дополнителни 25% од акциите сопственост на општината и процентуално учество во финансирањето во следниот период. Купувачот на доминантниот пакет на акции од 51% има обврска да ги докупи 25% од акциите по 3 тата година , доколку нема друг купувач.
Инаку неофицијално дознаваме дека во општината Битола веќе подолго време има пристигнато понуда од еден спонзор за спонзорирање или купување на РК Пелистер, но досега неговото име се чува како најголема тајна.
Дали доставената Понуда (ке)ги забрза активностите за продажба на Пелистер останува нејасно. Засега е нејасно како ќе реагираат советниците на понудата за продажба на РК Пелистер.