Don't Miss
Home / Uncategorized / Родители и ученици на протест пред медицинското училиште

Родители и ученици на протест пред медицинското училиште

Вчера во 14 часот на стотина средношколци од средното медицинско училиште во “Д-р Јован Калаузи” им е соопштено дека треба да ги подигнат документите со кои беа запишани во ова средно училиште и нема да можат да ја продолжат учебната година во ова училиште.

Ваквата одлука беше повод за протест пред училиштето каде родителите и децата бараа одговор од директорката на медицинското училиште за ваквата одлука, која како велат била за нив неочекувана и дека сега не знаат како ќе го продолжат школувањето овие деца кога школската година е во тек, и веќе набавиле учебници и друг прибор.

Јасмина Никиќ Десановска, директор на средното училиште вели дека и годинава како и годините наназад по 25-ти август бидејќи имало слободни непополнети места од уписните рокови, тие запишувале ученици со помалку поени за да се пополнат слободните места. Претходно за ова побарале одобрение од ресорното министерство. Одговорот им пристигнал на 9-ти септември и како што рече директорката со него не се одобрува запишување на ученици со помалку поени.

На родителите им е ветено дека ќе се бара решение за учениците, а ваквата ситауција може да е проблем и за неколкумина професори кои можат да се соочат со прогласување технолошки вишок.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*