Кик боксерите на кик-бокс клубот Самурај од Битола деновиве ги завршуваат подготовките за претстојното државно првенство во кик-бокс за сите возрасти, кое ќе се одржи в сабота во Штип во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.
Тренерот на Самурај, Тони Бошевски за престојното првенство вели:
-Сите во клубот се подготвуваат за ова првенство, но јас како тренер ќе кажам кој се е подготвен да настапува. Сите се во добра форма, но во Штип ќе имаме барам пет-шест кик-боксери кои ќе бидат сигурно во конкуренција за медал.
С.Р.