-Како просветен работник но и како човек, бев згрозена од сликата на одделенскиот наставник Жанета Петровска, на која држи крст со името на жив човек претставувајќи го како починат. Наставникот треба да е пример за младите и пример во општеството воопшто, за тоа какви треба да бидеме како треба да се однесуваме како луѓе. Како координатор на советничката група на опозицијата предводена од СДСМ, како член на комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Битола, а пред се ‘ како наставник, ја повикувам г-ѓата Снежана Петровска раководител на одделението за јавни дејности во Општина Битола јавно да се произнесе за случајот. Исто така го повикувам Здружението на просветни работници во Битола да ја осуди постапката и однесувањето на споменатиот наставник- реагираше на прес-конференција Наташа Петровска, координатор на советничката група на опозицијата предводена од СДСМ.
Б.В.