Don't Miss
Home / Uncategorized / СДСМ ги одбра кандидатите за градоначалници. Битола на стенд бај

СДСМ ги одбра кандидатите за градоначалници. Битола на стенд бај

Веќе и официјално се потврдени имињата на дел од кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори. Дел од нив, веста ја објавија на нивните профили на социјалните мрежи, а некои имиња се обелоденија и на прес-конференциите.

Последната потврда е дека СДСМ во скопски Карпош ќе го кандидира пратеникот и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев. Во останатите скопски општини, од СДСМ потврдени се и кандидатурите на Златко Марин во Аеродром, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумовски во Ѓорче Петров, Далибор Богдановки во Сопиште, Мелекие Халими во Арачиново.

За останатите градови и општини за кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ досега се потврдија и имињата на Аце Коцевски во Велес, Благој Бочварски во Штип, Коста Јаневски во Струмица, Лазар Петров во Демир Капија, Шресим Ајроски во Пластица, Перо Костадинов во Валандово, Томче Христоски во Крушево, Сашо Велковски во Свети Николе, Ивица Димитров во Виница, Соња Стаменкова во Македонска Каменица, Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане.

Претседателот на партијата, Зоран Заев вчера изјави дека веќе се избрани кандидатите на СДСМ за околу 70 отсто од општините.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, досега официјално објавија за петмина кандидати. За Струмица ќе го кандидираат Марјан Бајрактаров, за Петровец Борче Митревски, за Кривогаштани нивен кандидат ќе биде Тони Затковски, а пратеникот Зоран Ѓорѓиевски за Куманово. За нов мандат ќе се бори и актуелниот градоначалник на Велес, Славно Чадиев.

Во јавноста дека имаат желба за уште еден мандат досега изјавија и актуелните градоначалници на Скопје – Коце Трајановски, на Карпош – Стевчо Јакимовски и на Тетово – Теута Арифи.

Кампањата за локалните избори почнува на 25 септември, а се очекува во наредните денови да се потврдат и имињата на други кандидати за градоначалници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*