Don't Miss
Home / Политика / СДСМ:Нелегално производство на тутун “ Вирџинија “ во Могила

СДСМ:Нелегално производство на тутун “ Вирџинија “ во Могила

Покажувајќи фотографии на кои јасно се гледа дека во околината на Могила некои “ тутунопроизводители “ садат тутун тип “ Вирџинија “ на црно, потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски на денешната прес конферција побара надлежните да го утврдат идентитетот на “производителот на тутун” кој незаконски ја одгледува оваа врста на тутун.
-Додека вие, чесните призводители на тутун, се соочувате со една од најтешките реколти досега, на само 10-тина километри одовде, во околината на Могила, некој дебело заработува од одгледување тутун на црно.
Еве фотографии од земјиштата на коишто е посаден крупнолисниот тутун – тип “Вирџинија”.
Вие знаете дека за овој тип тутун, “Вирџинија”, нема откупни претпријатија во земјава, а дека според Законот, тутун може да садат само земјоделци кои имаат склучено договор со откупно претпријатие. Не се работи за мали парцели.
На десетици хектари земјоделско земјиште противзаконски се произведува крупнолисниот тутун – тип “Вирџинија”, рече Кирацовски и додаде:
-Според информации на искусни тутуно-производители, откупот на недозволениот крупнолисен тутун се врши за цена помеѓу 5 и 7 евра за килограм. Тоа е помеѓу 300 и 420 денари за килограм, од овој тутун! На црно!
Колку е платена вашата чесна тутунарска мака? 110 денари. 180 денари најмногу, по килограм тутун. Бавно, по низа ценкања со откупувачите и власта.
Додека десетици илјади семејства живеат од легално производството на оваа мачна земјоделска култура, има други привилегирани поединци и семејства кои дебело заработуваат.
Сега, надлежните институции, Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за внатрешни работи, треба да одговорат, дали со нивно знаење се призведува тутун на црно, за којшто нема легален откуп, што е спротивно на законот?
Кој го врши откупот и транспортот на овој тип тутун?
Каде завршуваат илјадници тони од тутунот “Вирџинија” и за што се користи?
Кој и колку заработува од нелегалното призводство на тутун во околината на Могила, избегнувајќи данок кон државата?
Дали можеби лица блиски до владејачката партија се засегнати во овој случај?
СДСМ ја повикува власта да им ги даде овие одговори на тутунарите и на граѓаните на Република Македонија, рече Александар  Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*