Don't Miss
Home / Македонија / СДСМ:Резултатите од ДИК покажуваат неизвесност за бројот на пратеници

СДСМ:Резултатите од ДИК покажуваат неизвесност за бројот на пратеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска оцени дека првичните неофицијални резултати за парламентарните избори на Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати.

– Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на бројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период. Ваквите проблеми коишто имаат влијаните врз конечкиот исход од изборите, се констатирани и од набљудувачите на изборниот процес, се вели во соопштението.

Првичните резултати, смета СДСМ, потврдиле дека власта е поразена и оти граѓаните сакаат живот во Македонија и избрале промени.

– До прогласувањето на конечните резултати од ДИК едно е кристално јасно. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце. Во Македонија промените се случуваат, се наведува во соопштението од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*