Home / Вести / Се е подготвено за доделување на битолските “ Оскари “

Се е подготвено за доделување на битолските “ Оскари “

               

        На 24 декември, во ресторанот Вавилот, со почитување на сите здравствени протоколи и мерки на (само)заштита Битолски весник свечено по 22 пат  ќе ги додели признанијата на најуспешните битолчани за 2020 год.

        Како и неколкуте претходни манифестации, така и годинашаната ќе се одржи под генерално покровителство на Германската компанија “ Кромберг и Шуберт”, која деновиве со задоволство го прифати покровителството на Манифестацијата.

        Редакцијата на Битолски весник ги привршува подготовките за свеченото врачување на наградите.

        При крај се подготовките за свечениот дел на Манифестацијата како и културно забаваната програма.

        Со оглед на тоа што на Манифестацијата можат да присуствуваат  гости од само 50 отсто од капацитетот на ресторанот Вавилон, кој изнесува 800 гости,  Битолски весник пушти во продажба ограничен број влезници.

         Иако пандемијата сите доста не погоди, сепак Битолски весник и во вакви услови подготвува спектакуларен избор, на кој ќе присуствуваат  познати гости од општествениот, јавниот и културниот, спортскиот   живот на Битола и Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*