Денеска, во Битола се одржа манифестацијата “Детски семафор“ која традиционално во градот се одржува 50 години.
Главната цел е унапредување на безбедноста, односно подигнување на познавањата за безбедно учество на младите велосипедисти. Младите преку вакви и слични настани ги совладуваат прописите за безбедно учество во сообраќајот.
-Тука се опфатени учениците од основните училишта. Генерално месец мај е предвиден за работа со ранливи групи во сообраќајот како што се пешаците, велосипедистите. А овој настан се совпаѓа со кампањата што ја води Републичкиот совет на национално ниво – истакна доц. д-р Зоран Јошевски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на патиштата при Општина Битола.
Општина Битола максимално го поддржа настанот.
-Овој настан цениме дека од круцијално значење бидејќи се однесува на безбедноста во сообраќајот. Ги усмеруваме младите да внимаваат, да ги почитуваат прописите во сообраќајот. Овие деца кои ќе се натпреваруваат ќе бидат дел од победниците на републичко ниво. Ова е голема придобивка, бидејќи децата од рана возраст се усмеруваат на правилен начин, а со ваквите настани автоматски се подигнува нивото на безбедноста во сообраќајот-истакна градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.
Б.В.