Викендов, во општина Новаци по 16. пат успешно беа организирани Пелагониските културно-научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и исто толку зборници.
Средбите за прв пат беа организирани во 2001 година и досега учество зеле голем број научни дејци.
Богоја Таневски претседател на Пелагониските културно научни средби вели дека средбите се одржуваат во Новаци бидејќи сите научни дејци се по потекло од овој крај.
Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски вели дека општината секогаш ги поддржува Пелагониските средби кои се од големо значење за општината.
-Мноштво научници од областа на историјата и македонистиката ги презентираат своите трудови посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Општина Новаци секоја година средбата ја финансира со средства од општинскиот буџет- изјави градоначалникот Лазар Котевски.
Општината Новаци по 16. пат беше покровител на научниот собир насловен како „Пелагониски научни културни средби”.
Б.В.