Започна санацијата на ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2019/08/Parkin-1-1024x498.jpg)
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2019/08/Parkin-2-1024x768.jpg)
Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве ќе го санираат просторот кој е дел од паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи во рамките на општината, ЈПП ЈЛП Битола. Екипите на КЈП „Нискоградба“ на терен ќе вршат порамнување и асфалтирање на оштетените делови на паркингот.