Home / Градска хроника / Седница на Советот на општина Новаци

Седница на Советот на општина Новаци

Советот на општина Новаци деновиве  ја одржа 29-тата седница на која разгледуваше и расправаше за околу триесеттина точки на дневен ред.

Седницата започна со усвојување на записникот за претходната 28-ма седница а потоа се усвои последниот тримесечен извештај за извршувањето на Буџетот на општина Новаци за периодот 01.01 – 31.12.2014 година.
Советниците донесоа неколку одлуки и тоа за висината на благајничкиот денарски и девизен максимум, формирање на комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, предлог одлука за реализација на финансиски трасфери до здруженија на граѓани и одлука за сопствено учество на општината при аплицирање за проекти од разни фондови.
Советниците го усвоија полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски” за учебната 2014/2015 година, извештајот за редовен годишен попис на општина Новаци со состојба 31.12.2014, одлука за одобрување на средства за изработка на проект за скинатото корито на река Елешка, одлука за разрешување и именување член на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на КЈП „Комунална Хигиена” Новаци, предлог одлука за донесување на план за управување со отпад на општина Новаци за периодот 2014-2019 година .
Советниците одобрија серија барања и тоа за спонзорство за детски фестивал, за детска претстава, на КУД Новаци им беа доделени средства за учество на концерт во Р.Бугарија, на ЗФК Новаци им беа доделени средства за натпреварување во пролетниот дел во третата македонска фудбалска лига југозапад.
Советот на општина Новаци донесе и предлог одлуки за донесување на општи акти со кои се утврдуваат условите за начинот на градење во селата : Старавина, Рибарци и Гермијан, предлог програма за изработка на општи акти на територијата на општина Новаци за 2015 година, предлог програма за изработка на урбанистички планови .
Советниците ги разгледаа и усвоија барањата на Советот на родители при ЦОУ „Славко Лумбарковски”, на МЗ Долно Орехово, предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Битола, Прилеп, Долнени, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Кривогаштани и Могила за вршење на работи од ЛЕР, барањето на Храм св.Никола с.Брод за градежни и копаничарски работи и барањето од МЗ Гермијан за реконструкција на Дом на култура во ова село.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*