Утре, советниците на Советот на Општина Битола ќе расправаат за ребаланс на буџетот.
На седницата, советниците треба да донесат одлука за прераспределба на некои ставки од средствата на буџетот за оваа година. На утрешната седница, се очекува да се стави на Дневен ред и точката за (купо) продажба на Фудбалскиот клуб Пелистер. Засега, нема потврда дека продажбата на Пелистер ќе се најде на Дневен ред пред советниците. Инаку, веќе е речиси сигурно дека нов сопственик на Пелистер ќе стане приватната фирма “Цермат“ која понудила најдобри услови.
Б.В.