Home / Градска хроника / Битолското село Драгош со нов асфалт

Битолското село Драгош со нов асфалт

Во битолското село Драгош се направи санирање на патната инфраструктура, поврзување на патот од селото и негово поврзување со главниот пат во должина од 1700 метри, а ќе следува и корекција на селските патишта.

dragos 6
-Со патот во Драгош се заокружува целиот пакет кој претходните години го работевме а е со средства обезбедени преку Европската банка. Остануваат уште четири патни правци кои ќе треба да се реализираат со средства од Светска банка , се со цел да се подобри патната инфраструктура во селата. Ако дозволат временските услови, оваа градежна сезона ќе се интервенира и на мостот, ако не, тоа ќе биде ден од приоритетите идната градежна сезона- истакна градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.

dragos 12

Мештаните го истакнаа задоволството и посочија дека во многу ќе им се олесни животот во ова битолско село, заради подобрата и побрза поврзаност на селото со градот Битола.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*