Денеска, на прес-конференција од Здружението „За нас се работи“ ја информираа јавноста дека доставиле барања до градоначалникот на Битола, Владимир Талески, Советот на Општината и Министерството за животна средина.
Истите барања ги испрaтиле и до сите претставништва на странските амбасади во Република Македонија со цел дa ги запознаат со проблемот со загадувањето на Битола, да побараат мислење поефиксно и побрзо да се реши проблемот и да се алармираат сите надлежни фактори.
-Во Советот на Општина Битола наидовме на соработка, и дотука нашата активност во правна смисла завршува, бидејќи се што е во надлежност нa Советот на Битола e реализирно. Но засега, некаков бенефит од тоа не е видлив. Од пред некој ден со писмено барање, бараме средба со првиот човек на Битола, градонaчалникот Владимир Талески, каде ќе му ги предочиме нашите барања бидејќи сите механизми со кои може да се тргне во решавањето на проблемот застануваат кај него и сметаме дека како некаква извршна власт во Општината Битола да процесуира по однос на решавањето на овој проблем- побара од прес-конференцијта, еден од главните иницијатори за чист воздух во Битола, Иван Јерчиќ.
Од Здружението уште еднаш ги повторија конкретните барања: поставување на мерни станици кои навремено ќе го регистрираат проблемот со загадувањето на воздухот, точна информација за граѓаните. Изработување на регистар на загадувачи како на големи, така и на мали загадувачи, и имплементирање на законските рамки согласно законот за заштита на животната средина.
-За да ја покажеме нашата сериозност во нашето делување, парарелно со сите овие досегашни активности и барањето на одговори кои како граѓани на Битола мора да ги добиеме, самите побаравме понуди од лиценцирни лабаратории како привремена мерка на решавање на проблемот, односно привремена мерка за добивање на информација за тоа каква е загаденоста во воздухот во центрлното градско подрачје во овој период од годината. Добивме конкретна понуда од лиценцирна лабараторија која работи според сите европски и светски стандарди која е подготвена во рок од седум дена да постави мерна станица на земјиште кое ќе биде општинско или привтно, наше барање е да се одреди локацијта на опремата да се гарантира нејзина безбедност. Конкретно лабараторијата за услугата бара 125 илјади денари со вклучен ДДВ. И токму на средбата која се надеваме дека ќе ја оствариме со Талески првиот предлог ќе ни биде тој се додека не се донесе новата мерна станица барем да добиеме некаков податок од приватна лабараторија. Но тоа ќе биде општа информација. Ќе бараме конкретни датуми бидејќи секој ден е изгубен и мора нешто конкретно да се преземи- беше категоричен, Горан Пинза на прес-конференцијта во канцеларијата на Здружението “За нас се работи“.
Лабараторијата ќе врши испитување на пм честичките, односно нивниот хемиски состав.
Доколку се нема слух за нивните барања, од Здружението и нивните поддржувачи чиј број од ден на ден е се поголем, повторно ќе излезат на протести, се до конечно решавање на проблемот со загадувањето во Битола. Тие на брифингот со новинарите претпладнево уште и додадоја дека целата нивна енергија ќе ја насочат кон решавање на проблемот со амбиенталниот воздух во Битола и дека немаат намера повеќе да се објаснуват и да ја губат енергијата залудно со некои кои сакаат да им залепат политичка етикета, бидејќи воздухот во Битола го дишеме сите.
.
В.М.Мл