Don't Miss
Home / Uncategorized / Шаклевски: Заев подготвува продажба на ЕЛЕМ

Шаклевски: Заев подготвува продажба на ЕЛЕМ

Ќе видиме, ќе смениме, ќе направиме…

Дали ваквото големо ЌЕ на Заев за што е поврзано со РЕК Битола и загадувањето, не се ништо друго туку купување време за најголемиот бонбона бизнис на Балканот вреден 2 милијарди евра: – продажба на најпрофиталбилниот монопол во Македонија, ЕЛЕМ.

Тоа што вице-премиерот ( односно вицето-премиерот) на Заев, Кочо Анѓушев сам на себе си додели тендер од 2,6 милиони евра, ќе ни изгледа како детска приказна споредено со она што може да се случи со „специјалниот” ангажман на српскиот државјанин Алеклсандар Обрадовиќ кому експресно му дадоа и македонско државјанство.

Ова денеска го изјави Благој Шаклевски од Општинскиот комитет на  ВМРО-ДПМНЕ од Битола, додавајќи дека медиумите во соседството веќе на големо го најавуваат најголемиот, како што рече, мега бонбона бизнис на Балканот вреден дури две милијарди евра.

-Ова ќе значи: Неконтролирано поскапување на струјата, за чија цена ќе одлучува приватен странски сопственик. Неизвесна судбина на 4800 семејства на вработените. Ставање на целата енергетската стабилност и безбедност на државата во рацете на странец. Продажбата на ЕЛЕМ – значи продажба на РЕК, сосе термоелектраните и рудниците, со хотелот Молика, скијачката патека на Пелистер, па дури и на Копанки во пакет сосе готовиот проект на ЕЛЕМ за негова за реконструкција. Дали, ветувајќи чист воздух, филтри и отпепелување, за да добие на време, Зоран Заев им работи зад грбот на Битолчани и безобразно си поигрува со судбината и со лебот на илјадници вработени во РЕК, истакна Шаклевски.

Посочи дека ако на 15 октомври заеднички не ги спречиме ваквите црни планови на Заев, Битола ќе се соочи со најголемиот економски и социјален колапс во својата историја, спрема кој ТАТ ќе ни изгледа како мала шега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*