Шеесетгодишна жена од Битола вчера пријавилa дека била измамена од лице за сума од 10.000 евра.
–На 18.11.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, 60-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата. Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка-стои во информацијата на Секторот за внатрешни работи Битола.
Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.