Во срцето на Битола пред зградата на Офицерскиот дом е поставена нова урбана опрема која го разубави Широк сокак. Поставени се нови корпи за отпадоци, 100 нови жардињери за цвеќињата и украсен камен поставен на дрворедот.
-Исто така на каделабрите се поставени цвеќиња дизајнирани и организирани од јавното претпријатие “Комуналец“ кое се грижи за одржувањето. Домот на АРМ е под ингеренции на Министерството за култура и до донесувањето на потребната урбанистичка документација разубавен е просторот. Ова е значајно за битолчани и вакви слични поставувања на урбана опрема ќе има и на други локации во градот- информираше градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Опремата одговара со плочникот на Широк сокак и се задржува автентичноста на амбиенталната улица, истакна првиот човек на ЈП “Комуналец“, Зоран Соклевски.
– Поставени се 25 нови урбани корпи за отпадоци со пепелници за отпушоци и 100 нови жардињери. Воедно, поставен е декоративен камен кој му дава визуелна декорација на дрворедот на Широк сокак. Во изминатиот период со зеленило е разубавен влезот на Битола од страната на Прилеп, и сите кружни текови, со што на тие места изменет е целиот амбиент- рече директорот на ЈП “Комуналец“, Соклевски.
Б.В.