По повод почетокот на новата учебна година,германската компанија “Кромберг и Шуберт “ денеска организира посета за децата на вработените во фабриката, која се наоѓа во индустриската зона “Жабени” во Битола.
Посетите ќе траат три дена и се организирани во шест групи.
За време на посетата на фабриката децата на вработените ќе имаат можност да се прошетаат низ фабриката со цел да се запознаат со работните места на нивните родители и производниот процес во компанијата.
При прошетката на одредени клучни места во погонот претставници од раководството на фабриката на конкретни оддели им го објаснуваа процесот на производство, а посетите завршуваа со заедничко дружење и забава во кантината на фабриката, каде децата цртаа, се дружеа и подобро меѓусебно се запознаваа.
За сите деца, компанијата обезбеди бесплатен превоз, топол оброк и подарок, во име на убави желби, среќа и успех во новата учебна година.
За време на посетите фабриката ќе ја посетат повеќе од 800 деца на различна возраст, што е три пати поголем број во однос на минатогодишната посета.
Поради брзиот раст на компанијата во последните 2 година, а со цел да се покаже дека сите вработени се еднакво важни и се дел од едно големо семејство, менаџментот на компанија овој настан го организира по вторпат со надеж истиот да прерасне во традиција.
-Постојаното подобрување на работната атмосфера, зајакнување на тимскиот дух и колегијалноста, како и грижата за вработените остануваат врвен приоритет за менаџментот на фабриката, на патот кон остварување на највисоката цел, а тоа е успешна компанија и задоволни вработени, истакнуваат во “ Кромберг и Шуберт “
Инаку “Кромберг и Шуберт” е германска фамилијарна компанија од автомобилската индустрија која има успешна историја и развој повеќе од 110 години. Пионерскиот дух и иноватиовното претприемништво со рамна хиерархија овозможи континуирано ширење и глобализација на компанијата. Со повеќе од 27 илјади вработени во 22 фабрики, “Кромберг и Шуберт” денес е еден од светските лидери за производство на кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Клучот за успех на оваа компанија е културата на фирмата: ентузијазмот и мотивацијата да се донесат иновативни решенија поттикнување на интердисциплинараните тимови, чиј фокус на енергија е насочен кон рано препознавање на трендови на пазарот како и кон исполнување на посебните барања не потрошувачите.