Home / Култура / Штипскиот Музеј потпиша договор за соработка со Меѓународниот Славјански универзитет

Штипскиот Музеј потпиша договор за соработка со Меѓународниот Славјански универзитет

Директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј на град Штип, Зоран Читкушев и ректорот на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович“-Державин“ – Свети Николе и Битола, Душан Николовски денеска потпишаа Договор за соработка со цел студентите, но и двете институции да разменуваат искуства во делот на истражувањата и да реализираа заеднички проекти.

-Посебно ме радува што ќе оствариме соработка во повеќе нивоа, со поголем квалитет и во делот на етнологијата, значи проучувањата на нашите традиции и нашата култура, но и во делот на правните науки, каде што ќе опфатиме дел од истражувањата, кои што се однесуваат за правните аспекти на заштитата на културното наследство и примената не само во Македонија, бидејќи Славјанскиот универзитет е меѓународен и во земјите каде што постои овој универзитет, вели Читкушев.

Ректорот на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович“-Державин“, Николовски забележа дека потпишувањето на договорот за соработка е од исклучително значење за двете институции, а со него ќе биде опфатена и соработка со партнерскиот универзитет од Тамбов во Русија.

Претставници од овој руски универзитет веќе го посетиле штипскиот Музеј, а биле заинтересирани за истражување на обичајот Ч’ трсе, кој е на листата на УНЕСКО, а исто така заедно со вработените од Музејот сакаат да ги истражуваат и обичаите на местото Говедаров камен во Свети Николе.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*