Home / Uncategorized / Серија силни земјотреси ги вознемирија битолчани

Серија силни земјотреси ги вознемирија битолчани

Вечерва, после 18 часот и триесет минути, серија земјотреси ја потресоа Битола.

Земјотресите ги вознемирија битолчани, особено тие коишто живеат во станбените згради кои ги напуштија своите домови.

И покрај врнежливото време, поголем број од нив се пред влезовите на зградите и во своите возила очекувајќи да се смират потресите.

 

Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес е регистриран во 18.33 часот со интензитет од 4.8 степени, длабочина од 10 километри. Епицентарот бил 85 километри југо-западно од Скопје, односно 16 километри јужно од Вранештица, кичевско.

 

Вториот, со интензитет од 4.9 степени, длабочина од 5 километри, е регистриран во 18.41 часот, 82 километри југо-западно од Скопје, 13 километри јужно од Вранештица.

 

Третиот земјотрес, со јачина од 4.2 степени, длабочина од 2 километри, е регистриран во 19.16 часот, на 95 километри јужно од Скопје, поточно на 12 километри северно од Ресен.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*