Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска западниот кинески регион Сичуан, соопшти денеска Геофизичкиот институт на САД, јави БТА.
Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри јужно од градот Шахци, на длабочина од 55 километри.
Нема информации за жртви или за причинета материјална штета.