Don't Miss
Home / Uncategorized / Со секира делел правда

Со секира делел правда

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 54-годишниот М.М. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 19.03.2018 година околу 00:30 часот во домот на 35-годишниот Е.С. од Битола кој бил со неговите родители, сопругата и двете малолетни деца пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна вербална расправија, се обидел со секира физички да го нападне Е.С. При тоа, бил спречен, од страна на полициски службеници, кои интервенирале на местото на настанот, по телефонската пријава од оштетениот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*