Don't Miss
Home / Uncategorized / Совети во случај на земјотрес

Совети во случај на земјотрес

Земјотресите станаа секојдневние во нашата земја. Затоа еве неколку совети како треба да се однесувате кога ќе има земјотрес.

Ако земјотресот се случил во текот на ноќта, и вие се наоѓате во целосна темнина, не брзајте да запалите свеќа или запалка. Ако имате батерија, тогаш искористете ја неа. Ако немате други извори на светлина, тогаш прво почекајте, помирисајте да не има истечено гас или бензин или некое друго експлозивно средство, и после користете запалка, за да не дојде до пожар или некоја несреќа.

Ако забележите некој мал пожар во домот, потрудете се сами да го изгаснете. Ако е поголем, прво изнесете ги на безбедно место децата и ако има повредени. Не допирајте оголени жици или ако им до нив близу метални и водени предмети.

Не влегувајте во зоната на рушевините бидејќи можете да станете жртва. Ако знаете дека под рушевините останале луѓе, не брзајте самостојно да ги спасувате и да ги расчистувате тулите и бетонот. Запомнете дека секое ваше невнимателно движење може да предизвика понатамошно разрушување и смрт на луѓето кои се под нив.

Ако имате можност, облечете чевли со тврд ѓон за да не се повредите од скрешните стакла и делови од циглите или други остри предмети кои паѓале.

Морате да се подготвите самостојно да ги преживеете наредните неколку дена. Затоа, потрудете се да земете и складирате на суво и безбедно место продукти, конзерви, двопек, грицки, суво овошје и сл.

Ако има пукнати оџаци или некој друг вградени печки на цврсто гориво, во никој случај немој да палите оган за да не предизвикате пожар.

Ако земјотресот ве затекол на работа, потрудете се прво да им помогнете на колегите и клиентите кои се затекнале околу вас, а потоа одете дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*